Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ си поднесе оставка од функцијата, бидејќи бил член на масонска ложа.
Овој случај доби на значење откако Јелениќ јавно кажа дека друг член на масоните, извесен доктор Никица Грбариќ се обидел да влијае врз истражна постапка за наводна изнуда од тројца новинари кои му барале пари да не објават материјали од ритуалите кои ги изведувале членовите на масонската ложа.
Јелениќ си поднесе оставка по бурните реакции во јавноста и откако од Владата му било најавено дека ќе се бара негова смена.
Тој за хрватските медиуми изјави дека работел чесно и по законот и дека станал член на ложата, бидејќи добил покана поради неговата стручност од легална организација која работи за подобар живот во хрватското општество.
Фото: vechernji.hr