еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Најдобрите моменти од црвениот тепих на отварањето на „Берлинале“

Очите на светската филмска јавност деновиве се свртени кон Берлин каде беше отворено 70. издание на фестивалот „Берлинале“.

Многу познати актери, режисери и други професионалци од филмската индустрија продефилираа на црвениот тепих на отварањето на фестивалот.

Според најавите, публиката во Берлин ќе може да види 340 филма во различни селекции, а во трка за „Мечката“ ќе бидат 18 филмови.

Интернационалното жири годинава го предводи актерот Џереми Ајронс.

Инаку, годинава фестивалот беше отворен со едноминутно молчење за жртвите во расистичкиот напад во гратчето Ханау во Германија во кој загинаа девет лица.

Фото/Видео: Archyworldies/Youtube/Berlinale

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хип-хоп колективот „Чиста околина“ го најавуваат следниот албум со синглот „Врие Македонец“

Редакција

Салата во Ротердам каде требаше да се одржи Евровизија станува болница со 680 кревети

Редакција

„Зоки Поки“ ја освои цела Скандинавија, но сепак нема да има втора сезона

Редакција