еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Видео) 30 години успешна приказна на Центро Унион и Favorit

Оваа недела беше во знакот на македонската компанија Центро Унион. По повод 30 годишнината од нејзиното постоење, компанијата приреди прослава за која долго ќе се зборува.

Семејствата, бизнис партнерите и клиентите на Центро Унион, заедно со добра музика и вкусна храна, наздравија за успесите кои се постигнати благодарејќи на макотрпната работа во изминатите 30 години. Македонија има наш бренд! Ваш бренд!

Со доделување на плакети на најзаслужните за успесите кои се постигнати, Центро Унион им се заблагодари за придонесот, со што им даде мотив за продолжување на соработките и постигнување на уште поголеми резултати. Насмевките на лицата на присутните докажаа дека компанијата Центро Унион со својата скромност и приземност уште долго време ќе биде лидер во својата област.

Започнувајќи од нула, основачот на Центро Унион, Зоран Станојевски, имајќи цврста идеја, силна желба и поглед кон иднината, успева да го реализира својот сон за основање на компанија со сопствен бренд, кој ќе стане лидер на пазарот.

Триесетгодишната работа на Центро Унион се должи на посветеност и скромност на основачите, кои во најтурбулентниот период за нашата држава успеаја да се пробијат помеѓу светските брендови за бела техника. Рамо до рамо со издигнатите светски брендови, како Samsung, Beko, LG, и уште многу други препознатливи имиња, Центро Унион со Favorit станува лидер домашниот пазар, како и многу препознатлив на меѓународниот пазар.

Центро Унион продолжува со испишување на успешната приказна, сега под јасната слика за успех  на првиот директор на Центро Унион, Тијана Станојевска Ристевска, која што влева доверба кај партнерите и соработниците.

Прославата за успешната приказна на Центро Унион можете да ја проследите на видеото во прилог:

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските лото играчи најмногу играат броеви во низа

Редакција

А1, прва компанија во Македонија која им се заблагодари на новинарите за ангажманот во „корона-кризата“

Редакција

Visa ја претставува ‘Visa Secure’ – нова програма за непречено плаќање и напреднато онлајн искуство

Редакција