еМагазин
Image default
Локално

Приведена скопјанка за уцена на битолчанец

Полицијата приведе 34-годишна скопјанка, со живеалиште во Битола, поради уцена на 44-годишен битолчанец.

„По преземени оперативни мерки, а по претходна пријава на В.П.(44) од Битола дека е уценуван, на 11.03.2020 во 14:45 часот на ул. „Самоилова“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје ја лишиле од слобода Е.С.(34) од Скопје, со живеалиште во Битола“, соопшти МВР.

Според пријавеното, Е.С. му се заканувала на В.П. дека ќе објави негови компромитирачки фотографии доколку не ѝ исплати 1.200 евра.

Таа била лишена од слобода веднаш по примопредавањето на парите и во консултација со Основното јавно обвинителство, против неа ќе биде кривична пријава по брза постапка поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“ од Кривичниот законик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исчезна 15-годишно девојче од Аеродром

Редакција

(Фото) Продолжи отстранувањето на нелегалните тераси во Дебар Маало

Редакција

Државниот просветен инспекторат го истражува случајот со инцидентот во школото во Аеродром

Редакција