Техничкиот премиер Оливер Спасовски, придружуван од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглавари на верските заедници во земјава, на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, на Католичката црква, бискупот скопски и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, на Евангелско – методистичката црква, претседателот на Црковното претставништво, Емил Заев, информираат од Владата.
Спасовски ги информирал поглаварите за сите важни информации околу мерките што ги презема Владата за заштитата на здравјето на сите граѓани, како врвен приоритет, а поглаварите информирале за мерките што тие ги преземаат за поголема заштита на верниците.
„Разгледани се можности за максимална заштита на верниците. Заеднички е ставот дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет и дека сите во државата, вклучително и верските заедници и верниците, треба да бидат на ниво на одговорноста со цел да се придонесе за спречување на можно ширење на болеста и непосакуваните последици,“ се вели во соопштението на Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски: Нема потреба да избрзуваме со прогласување на кризна состојба во цела држава
Владата ги замрзна цените на лебот, солта, зејтинот, млекото, јајцата, брашното, месото…
Се затвораат сите гранични премини
Фото: Влада