еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со заболени од корона вирусот во македонските болници

Министерството за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти заразени од корона вирусот.

Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 23, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 175 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Починаа двајца пациенти од корона вирусот, вкупно 532

Нови 141 случаи на заразени од корона вирусот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Писателот Павловски: Бугарскиот претседател покажа каков е квалитетот на договорите што ги прави Заев

Редакција

Што ќе значи вонредната состојба ќе зависи од однесувањето на граѓаните

Редакција

Потег за почит: Сто лица донирале плазма со антитела за третман на пациенти со Ковид-19

Редакција