Во текот на изминатото деноноќие (04/05.04.2020) на територијата на цела држава на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не се придржуво до мерките за самоизолација.
По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 164 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 122, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.