Согласно одлуката на Влада за забрана за движење на сите граѓани од понеделник до петок од 16 до 5 часот наредниот ден, како и забраната за движење oд петок од 16 часот до 5 часот во понеделник, од утре ќе има измени во возниот ред на јавниот превоз, а изменето работно време ќе имаат и билетарниците и центрите за персонализација.
Јавниот превоз нема да функционира од петок од 16 часот, до понеделник до 5 часот. Во истиот период нема да работат и билетарниците и центрите за персонализација.
Утре, среда (8.04.2020 год), јавниот превоз ќе функционира од 5 часот, по саботен возен ред.
Исклучок се линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед на сообраќање на патничките возови за време на рестриктивните мерки
Се најавуваат илјадници отпуштања: Угостителите нема да ги користат мерките на Владата
Вкупно заболени од корона вирусот 599: Нови 29 случаи, најмногу во Скопје и Куманово