еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Турција испрати помош од маски, скафандери и тестови

Турција попладнево со авион на турската армија што слета на Меѓународниот аеродром – Скопје и достави на Македонија помош во медицински материјали за справување со коронавирусот.

Помошта се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери, 1.000 дијагностички тестови и друг медицински материјал.

Турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок му ја предаде медицинската донација на шефот на дипломатијата, Никола Димитров, кој се заблагодари за помошта.

Истакна дека медицинската опрема што пристигна во Скопје заедно со себе носи и љубов, пријателство и поздрави од претседателот Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ и ќе придонесе за подобро справување со корона кризата.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Карантински приказни за поддршка на македонското здравство

Редакција

„Виталиа“ со свој придонес во битката со корона вирусот: Донирана здрава храна преку Црвен Крст и исплатен данокот на добивка

Редакција

Големи филмски имиња снимаат во Македонија

Редакција