еМагазин
Image default
Забава

(Видео) „Зоки Поки“ почнува со емитување на 4 мај на МРТ: Запознајте ја актерската екипа

Долгоочекуваната ТВ серија „Зоки Поки“ започнува со емитување во понеделник, 4 мај 2020 година на Македонската радио телевизија.

Десетте епизоди ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и недела.

По емитувањето на МРТ, наредниот ден, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.

Пред официјалниот почеток на емитувањето, екипата на „Зоки Поки“ споделува симпатично видео за запознавање со децата-актери кои ги толкуваат главните улоги.

Во видеото, Матеј Настевски, кој ја толкува улогата на Зоки Поки, Анастасија Аневска, која ја игра Лидија, Матео Матоски, односно Боки и Матеј Зимбаков, кој го глуми Гоки, зборуваат за искуството со снимањето на серијата, кое го опишуваат како „фантастично“ и „возбудливо“.

Исто така, откриваат дали планираат да продолжат да се занимаваат со глума, зборуваат за најсмешните и најтажните моменти на сет и споделуваат детали како кој најмногу ја сака Лидија, која им била омилената локација за снимање и која им е омилената приказна од книгата.

Видеото дефинитивно ќе Ви го разубави денот:

Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба.

Модерната екранизација на култната детска книга на писателката Оливера Николова, е во продукција на Кино Око, во копродукција со Македонската радио телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија.

Главен спонзор на серијата е Витаминка, а останати спонзори се вода Ладна, Пакомак, Арс Ламина, Литература.мк, Либи и Сетек.

Режисери на серијата се Александар Поповски и Марија Апчевска, а режисери на епизоди се и Даријан Пејовски и Радован Петровиќ.

Сценаријата за серијата ги пишуваа Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска, директор на фотографија е Кристијан Војдановски, сценограф Иван Бартлинг, шминка Жанета Димитриевска, дизајн на тон Ристо Алчинов, монтажери Атанас Георгиев, Благоја Неделковски, Софија Самоиловска и Драган Алексов, додека за костимите се погрижи Жаклина Крстевска.

Музиката ја компонираше Александар Пејовски, песните Александар Митевски, а музиката за најавната шпица Игор Василев-Новоградска.

Десетте епизоди од првата сезона обработуваат внимателно одбрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации.

Екипата на серијата се одлучила за екранизација токму на „Зоки Поки“ поради неговата релевантност за многу различни генерации и со цел збогатување на домашната ТВ програма за деца. Со желба за враќање на вредностите кои полека исчезнуваат, екипата создаде ТВ проект кој ќе им го задржи вниманието на децата кои растат во денешното „брзо“ време, но и на родителите со кои се надеваме заеднички ќе поминат квалитетно време со своите деца пред ТВ екраните.

„Денешниот Зоки Поки е соодветен на времето во кое живееме по форма и естетика, но вредностите и пораките од книгата проткаени низ неговите авантури ќе останат чисти и недопрени, со надеж дека ќе успеат да го пронајдат патот до срцата и на генерациите што доаѓаат“, вели Насков.

Повеќе информации за ТВ-серијата се достапни на веб-страницата ZokiPoki.mk.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Зимската приказна“ во Битола заврши на врвот на Пелистер

Редакција

(Видео) На 33-годишна возраст почина пејачот Том Паркер од групата „The Wanted“

Редакција

(ВИДЕО) Рекорд на Бијонсе на Греми наградите

Редакција