еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Галерија) Elixy Fashion Night: Модна ноќ на ѕвезди во Скопје

Многубројната публика и сите присутни гости во трговскиот центар East Gate Мall, премиерно ги видоа над триесетина славни личности во улога на модели, облечени во три сосема различни изданија од брендовите Reserved, Gabbiacci и Sara Fashion.

Во организација на козметичката линија за нега на лице, кожа и коса Elixy by Natura Therapy и маркетинг агенцијата MAX Management, предновогодишно се одржа настанот Elixy Fashion Night, првата модна ноќ на ѕвезди во метрополата, обединувајќи ги над триесет добро познати имиња од светот на музиката, филмот, уметноста, културата, модата, убавината и шоубизнисот, како и мноштво блогери, популарни инфлуенсери и крунисани убавици, кои заедно на трите ревии продефилираа на пистата во трговскиот центар East Gate Mall.

Честа да ја отвори вечерта ѝ припадна на легендарната манекенка Вера Мештеровиќ во креација на Елена Лука, по која своето деби во улога на модели под блесокот од рефлекторите го имаа музичарите Давид Мука, Даниел Дан, Јана Бурческа и Гоце Маротов, актерите Марија Јанчевска и Валентин Дамчевски, писателката Ксенија Николова, уметникот Бојан Ковски, визажистката Марија Лазарова, тиктокерите Александар Динев и Душан Пауновски, водителите Миро Кацаров, Нина Славковска и Анѓела Јакимовска, блогерките Антонија Локвенец и Анастасија Димеска, танчарот Џаст Даниелс, итн..

Првата ревија беше „резервирана“ за европскиот бренд Reserved. Познат е како моден бренд кој во своите колекции успешно успева да ги комбинира класичните моменти со храбрите модни исчекори, што не беше исклучок ни на синоќешното шоу.

Италијанскиот стил и шарм оживеа на сцената на втората ревија на модната куќа за мажи Gabbiacci Milano, со петнаесет комбинации кои овршено им одговараат на џентлмени што се љубители на деловниот изглед, а во исто време ги следат модните трендови.

Третата ревија на најпознатиот домашен бренд за долна облека Sara fashion, пак, крадеше воздишки кај публиката, со десет македонски убавици во модели од новата сензуална, комфорна, заводлива и возбудлива сезонска колекција.

За убавиот изглед на сите учесници се погрижи тимот на мејкап артисти: Сашка Мирчевска, Дина Латиф и Сања Камберска, користејќи ја шминката на брендот Aura, додека за нивните фризури е заслужно студиото Grace и производите на Revlon Professional.

Како стилист на настанот се потпишува Милан Атанасов, креативен директор на Скопски моден фестивал. Автор на фотографиите е Антонио Станков.

Извршни продуценти на Еlixy Fashion Night се Амел Амед oд Elixy и Ангелина Китановска од MAX Management.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корона вирусот наголемо се шири низ Дебар

Редакција

Со петтиот пакет за последен пат се дава помош за плати, за февруари и март предвидени 1,92 милијарди денари

Редакција

18-годишната гевгеличанка која почина од Ковид-19 била бремена и имала претходни заболувања

Редакција