еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Со петтиот пакет за последен пат се дава помош за плати, за февруари и март предвидени 1,92 милијарди денари

Со петтиот пакет завршува финансиската поддршка за исплата на плати. Ова е последно помагање за исплата на плати, бидејќи се очекува излез од кризата и раст и развој на економијата, најави денеска премиерот Зоран Заев.

На прес-конференцијата на која ги презентираше петтиот пакет антикризни мерки, Заев рече дека Владата останува будно да ги следи состојбите и доколку е потребно да им се најде на компаниите и работниците.

-Ова е последно помагање за исплата на плати и чесно е Владата да ја испрати пораката затоа што очекуваме излез од кризата, развој и раст.

Ги следиме трендовите и она што се случува во светот, но државата е тука и ќе продолжи будно да следи и да им се најде на компаниите и на работниците и на сите граѓани кои се погодени, рече Заев.

Мерката за плати, како што појасни, се однесува на компаниите кои имаат пад на своето производство од 30 проценти во ноември, декември 2020 и јануари 2021.

-Компаниите кои покажуваат пад од 30 проценти на нивото работење во ноември и декември лани и јануари оваа година во споредба со ноември и декември 2019 година и јануари 2020 година, заслужуваат да бидат помогнати.

Има и компании кои имаат профит и се во добар раст и развој, има и компании кои се на прагот на својата рентабилност. Сите се погодени и затоа континуирано сме помагале, продолжуваме да помагаме, истакна Заев.

За поддршка на плати во февруари и март 1,92 милијарди денари, за бескаматни кредити цела година 615 милиони денари

Со петтиот антикризен пакет, за поддршка на плати во февруари и март 2021 година се обезбедени 1,92 милијарди денари. Со оваа прва мерка ќе бидат опфатени околу 60.000 работници месечно, а поддршката ќе биде скалеста во износ од 14.500 до 21.776 денари.

Како што рече денеска премиерот Зоран Заев, образложувајќи го детално петтиот сет, оваа мерка е опциска, односно компаниите ќе може да ја користат или неа или втората мерка – за кредити со нула проценти камата во дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, индустрија за организирање настани, транспорт, приватни здравствени установи.

-За втората мерка се проектирани 615 милиони денари или 10 милиони евра и за неа може да се аплицира во 2021 година. Средствата ќе се реализираат преку Развојната банка, истакна премиерот.

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

Се бришат каматите на долговите што граѓаните ги имаат кон јавните претпријатија, не и кон приватните

Петтиот пакет „тежи“ 9,7 милијарди денари, директна помош и за фирмите и за граѓаните

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе го наследи Енди Џаси: Џеф Безос се повлекува од функцијата главен извршен директор на Амазон

Редакција

За упис на факултет ќе се полага академски испит, за средношколците матурата нема да биде иста

Редакција

Почина Субрата Рој, хотелскиот комплекс во Охрид никогаш не се изгради

Редакција