еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Петтиот пакет „тежи“ 9,7 милијарди денари, директна помош и за фирмите и за граѓаните

Вкупно 9,7 милијарди денари или 160 милиони евра тежи петтиот економски антикризен пакет.

Содржи 29 мерки, распоредени во четири главни столба: директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани со цел задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити со неповратна компонента, креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на Царинскиот тарифник, намалување на парафискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки, како и директна помош за граѓаните, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

Заев на прес-конференција во Владата истакна дека 91,7 милиони евра од вредноста на пакетот се директни буџетски трошења.

-На денешната владина седница е затворен пакетот за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството. Овој пакет директно се надоврзува на претходните четири и има за цел да ја придвижи економијата кон нам познатите стапки на раст од 4 – 5 проценти, односно на динамиката на раст што ја имавме пред пандемијата, рече Заев.

Поддршката од повеќето мерки, рече, ќе се користи до крајот на 2021 година за да имаат влијание и ефект врз економијата. Мерките се донесени низ дијалог и партнерство со сите  релевантни чинители – стопанските комори, работодавачите и синдикатите, како и изминатите четири пакети, проследени со сериозни анализи од институциите.

– Мерките ќе го заокружат процесот на директна поддршка со што преминуваме во фаза на излез и закрепнување од кризата. Тоа значи дека доаѓаме повторно во време на стабилност и развој, состојба која со овие мерки дополнително очекуваме да се стимулира.

Со кредити со ниски камати и преку системски мерки согласно планот за раст на среден и долг рок, ќе биде поддржана економијата во целина. Очекуваме посериозни стапки на раст на БДП во вториот квартал на 2021 година, истакна премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со петиот пакет за последен пат се дава помош за плати, за февруари и март предвидени 1,92 милијарди денари

Се бришат каматите на долговите што граѓаните ги имаат кон јавните претпријатија, не и кон приватните

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија во услови на современо ропство живеат 18 илјади луѓе

Редакција

Новите ковид-мерки ги испразнија трговските центри: Прометот во Сити мол намален за 40 проценти

Редакција

„Неправда, па тоа е неправда“: Најниска плата од 450 евра, побараа работниците на денешниот протест

Редакција