Фармацевтската групација Новартис во Република Северна Македонија (Претставништво на Новартис Фарма и Лек Скопје член на компанијата Сандоз), донираше 100.000 долари на Институтот за јавно здравје со цел полесно справување на нашата земја со вирусот Ковид-19, кој доби пандемски размери, информираат од групацијата.
Како компанија на која што општествената одговорност ѝ е еден од главните приоритети, сметаат дека вложувањето на компаниите во услови на пандемија е исклучително важно. Токму поради тоа, претставништвото на Новартис Фарма и Лек (Сандоз) одлучија да одговорат на предизвикот и да дадат своја поддршка на надлежните институции во справувањето со состојбата предизвикана од Ковид-19.
Со донираните средства ќе биде опремена уште една лабораторија за тестирање со целата потребната апаратура и тестови, со што ќе се обезбеди побрзо и полесно надминување на најголемата здравствена криза во нашата земја.
Глобалната швајцарска компанија Новартис, од која е дел и Лек (Сандоз), пред неколку дена објави дека ќе донира 20 милиони американски долари за земјите најпогодени од епидемијата на коронавирус.
Новартис е силно посветен во глобалната битка против Ковид-19 и насочен кон поддршка на глобалните здравствени системи, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРАВО: „ИГМ Трејд“ од Кавадарци со 833.876 евра дава поддршка во борбата против корона вирусот
„АТС Гроуп“ донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за Ковид 19
УСЈЕ донира 50.000 евра за набавка на медицинска опрема
„Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман