еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Средствата од хуманото селфи од кујната на Cooking with Branko ќе се донираат во „Во мојот свет“

Во неделата, 31.3.2019, Cooking with Branko организираше хуманитарна вечера со тајна тема. Масата беше преполна позитивна енергија, посебно поради донаторскиот карактер.

Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот 2 април го охрабри Бранко, да ги донира средствата за среќата на децата со аутизам.

Истите ќе бидат приложени во здружението „Во мојот свет“. За сите кои сакаат да го поддржат здружението може да ја посетат нивната Фејсбук фан страна (facebook.com/vomojotsvet.zdruzenie).

Бранко за вечерата порача:

„Пливавме во милион и еден вкус и отпловивме на место каде што насмевки и љубовта секогаш победуваат!“, додавајќи дека секој кој беше дел од вечерата треба да се чувствува прекрасно затоа што со секое едно добро дело светот станува подобар и посветол на многу разни начини.

Тој ги повикува сите со една кратка, но емоционална порака> „Бидете горди на себе, помагајте, споделувајте љубов, прегратки, насмевки… многу се потребни на овој свет!“

Настанот беше поддржан и од „Ланголо“ и „Кафе Италиа“ со цел да ги надгради целото гастрономско искуство и да придонесе во помош на тие кои им е потребна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Нова“ организира онлајн хуманитарен базар за училиштето за деца со посебни потреби „Иднина“

Редакција

Двојна шанса за Пежо 3008, во Спорт Лајф

Редакција

Credissimo со супер новости! Credissimo одговори на потребите на своите клиенти: „Credissimo до плата“ е веќе до бараните 20.000 денари

Редакција