еМагазин
Image default
Бизнис

Владата дозволи организирање онлајн игри на среќа

Владата денеска ја разгледа и ја усвои информацијата за приредување на интернет игрите на среќа во време на вонредна состојба и ја донесе Уредбата со законска сила за примена на Законот за игри на среќа и забавните игри за време на вонредна состојба.

„Со оваа уредба се обезбедува можност за наплата на приходи во Буџетот кои до донесувањето на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, се генерираа од обложувалниците, автомат клубовите и казината и кои престанаа да се наплатуваат, бидејќи на 15 март 2020 година приредувачите на овие услуги ги затворија сите уплатно исплатни места и деловни простории во кои ги приредуваат игрите на среќа.

Со уредбата им се овозможува на економските оператори што организираат игри на среќа да ја продолжат онлајн (преку интернет) својата дејност, со што се создаваат услови да се сочуваат 7.500 работни места во оваа дејност“, информирааат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Владата ја дополни Уредбата за ограничување на додатоците на плати во јавниот сектор

Се менуваат термините за изнесување на домашните миленици

Владата објави тендер за интерветна набавка на маски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов закон: 10% од добивката фирмите влезени во бизнисот со канабис ќе и ја даваат на државата

Редакција

Хари Костов купи 1.700 акции од Комерцијална банка

Редакција

Возовите од Скопје кон Битола и обратно ќе сообраќаат еднаш дневно

Редакција