еМагазин
Image default
Локално

Кратовчанец предизвикал пожар од небрежност: Горел негов имот и на соседите

Одделението за внатрешни работи Кратово поднесе кривична пријава против З.К.(51) од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, информира МВР.

На 08.04.2020 во с.Каврак, кратовско, пријавениот од небрежност предизвикал пожар на отворен простор, кој се проширил и зафатил површина од околу осум хектари, во сопственост на пријавениот и на повеќе други лица.

Од пожарот била изгорена сува трева, папрат, букова шума, родни дрвца, амбар и плевна во приватна сопственост, со што предизвикал опасност за животот на луѓето и за имотот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар во пилана во Битола, гореше куќа во Прилеп

Редакција

Скопјанец донесен од Заводот за рехабилитација почина во Градската болница „Свети Наум Охридски“

Редакција

Во Велес во два наврати силувана 24 годишна девојка

Редакција