еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Филмот „Луѓе без земја“, последното сведоштво на револуционерката Вера Фотева на „Телма“

Приказната за Вера Фотева, една од најинтригантните женски фигури во македонската револуционерна историја, во играно-документарна верзија, во филмот „Луѓе без земја“ ќе биде прикажана во петок, 1 мај, во 20.10 часот на „Телма“.

Филмот е во режија на Марко Ѓоковиќ, работен по сценарио на Атанас Кировски, и во продукција на Кировски и Сашо Пешев.

Во „Луѓе во земја“, револуционерката Фотева чие вистинско име е Евдокија Балева го дава своето последно сведоштво за филмската екипа, пред да почине во 2011. Својата драматична животна приказна, Фотева ја раскажува низ сеќавањата за импликациите од судирот меѓу Тито и Сталин врз македонското движење за време на Граѓанската војна во Грција.

Филмот ги прикажува нејзините животни предизвици и борби за време на конфликтот, голготата низ која минала во логорите во Албанија и гулазите во Сибир, како и престојот во московските затвори Лефортовскаја Тјурма и Лубјанка.

Покрај автентичните, лични сведоштва на хероината од НОБ, филмот е надополнет и со игран дел во кој актерката Верица Недевска ја портретира Фотева додека во другите улоги се појавуваат: Емил Рубен, Милан Тоциновски, Горан Трифуновски, Наџи Шабан, Димитар Доксевски, Гоце Влахов и Марина Поп Панкова.

Овој 60-минутен проект за првпат беше прикажан на Интернационалниот фестивал на европски филм „Синедејс“.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка со промотивна каматна стапка од 5% за сите НЛБ кредитни картички

Редакција

Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за школување во меѓународната гимназија „Нова“

Редакција

Одбележување на Светскиот ден на млекото: Бимилк и ЈОУДГ „Мајски Цвет” Битола со донација на детска креативна патека

Редакција