Министерството за здравство информира дека согласно последните трендови во однос на заболените и излекуваните од коронавирус бројките се исклучително охрабрувачки.
Кривата на излекувани пациенти стрмо расте додека бројот на активни случаеви има одличен пад.
Денешните податоци покажуваат дека имаме само 5 нови случаи од вкупно 249 тестирања што претставува стапка од 2% позитивни од сите направени тестови во едно деноноќие.
Бројот на пациенти кои имаат индикација за тест исто така значително опаѓа и со тоа опаѓа и бројот на направени тестови. Според информациите од приватните лаборатории, барањата за тестирање се исто така значително намалени. Времето на чекање за тестирање исто така е сведено на минимум, односно еден ден.
Министерството информира дека продолжува активно да тестира согласно индикациите на сите пунктови и во сите лаборатории, но и будно да ја следи состојбата се до целосно спласнување на епидемијата.
Досега во земјата се направени 17.246 тестови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Голема бројка од 95 оздравени пациенти од корона вирусот, вкупно 945
Двајца пациенти починале од корона вирусот, еден од нив на пат кон болницата во Охрид