еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Голема хуманитарна акција на АПИС: Ќе донираат медицинска опрема во вкупна вредност од 200.000 евра

Како општествено одговорни компании, Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и АПЕКС Македонија целосно свесни за тешкотиите со кои се соочуваат јавните здравствени институции, длабоко почитувајќи ги натчовечките напори на докторите и медицинскиот персонал во беспоштедната борба со вирусот „Ковид 19“, и покрај тешките моменти за нашите компании, објавуваат дека започнуваат голема акција за донирање на болнички кревети и средства за дезинфекција во повеќе здравствени капацитети во државата.

„Силно веруваме дека во овие моменти на сите ни е потребна солидарност, заедништво и истрајност за да поефикасно се справуваме со сите предизвици. Упатуваме благодарност до Министерството за здравство, менаџментот на здравствените институции, градоначалниците и општините, кои ни помагаат во спроведувањето на хуманитарната акција.

Се надеваме дека со овој наш потег ќе дадеме придонес во зајакнување на капацитетите на јавното здравство. Сите сме потенцијални пациенти, а оваа пандемија не потсети колку е важен јавниот здравствен систем за заштитата на нашето здравје.

Како менаџери на одговорни компании, сметаме дека е наша обврска да покажеме висока општествена свест во овој период кога државата и институциите кои се справуваат со огромни предизвици за здравјето и економијата.

И покрај сите предизвици, уште на почетокот на кризата одлучивме да и помогнеме на Владата на Република Северна Македонија, со тоа што на нашите вработени им ги зачувавме работните места и покрај тоа што веќе два месеца нашата дејност не работи и не остварува приход. Исто така, Казино Фламинго Хотел, на наша иницијатива во месец март и беше отстапен на Владата и беше успешно користен како карантин со сите највисоки светски епидемиолошки стандарди.

Светската пандемија на вирусот „Ковид 19“ ја стави на тест цивилизацијата. Исклучително важно е сите да извлечеме поука, да излеземе посилни од кризата и никогаш да не заборавиме дека сме пред се луѓе кои треба меѓусебно да се помагаат и поддржуваат. Ништо не е поважно од животот и здравјето!,“ информираат од АПИС.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е 26-годишната девојка од Кавадарци, која беше пронајдена мртва во куќа во Штип

Редакција

ОН: Над 8.000 цивили загинаа од почетокот на војната во Украина пред една година

Редакција

Новозаболените циркулирале низ цело Скопје, познати 90 отсто од контактите

Редакција