еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Само во Македонија: Ловџиите против заштитата на Шар Планина и Осоговските планини

Ловечката федерација на Македонија на својот Фејсбук профил објави реакција по одлуката на Владата да се прифати иницијативата за прогласување на Шар Планина за Национален парк и на Осоговските планини за заштитен предел.

„Почитувани концесионери на дивечот во ловиштата, ценети ловци, денес Владата и Министерството за животна средина, му нанесоа силен удар на нашето ловство, со непринципиелното давање позитивно мислење за прогласување на Осоговските планини и Шар планина за заштитени подрачја, наспроти негативното мислење на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и наспроти нашите укажувања за сите реперкусии и штетни последици врз ловството, рибарството, бербата на шумски плодови, приватната сеча на дрвја и земјоделието во овие подрачја!

Ние нема да застанеме тука,нема да се предадеме, поколебаме и откажеме!!!

Голема благодарност до Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство за разбирањето и поддршката на ловоството! Нашата демократска борба почнува! Стоп за заштитените подрачја.

Стоп за профитерите од овие проекти кои инкасираат милиони суми пари на штета на ловството“, пишува во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Шар Планина и Осоговски планини – две нови заштитени подрачја во Македонија

Фото: Фејсбук/Министерство за животна средина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) По бројните скандали, Драги Рашковски поднесе оставка

Редакција

Кој сè освен Села и Таравари е дел од Претседателството на Алијансата за Албанците

Редакција

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на излезот од Битола кон Прилеп

Редакција