еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Во Велес втор ден нема регистрирано нови случаи со корона вирусот

Според информацијата од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес втор ден нема новорегистрирани со корона вирусот, со тоа бројката на регистрирани во Велес останува на 107 колку што бea регистрирани на 9 мај.

Во моментот во градот има 49 заболени лица.

На Инфективното одделение при велешката Општа болница, како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, има 25 лица од кои кај 24 пациенти е потврдено присуството на ковид-19, а еден чека резултат од тест.

Денеска бил испишан еден пациент кој лежел  во ова одделение, но по тестот се утврдило дека е негативен на корона вирусот. Во велешката Општа болница досега од корона вирусот се излекувани 26 пациенти.

МИА/Фото: Општина Велес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Прилеп две новозаболени лица од корона вирусот, во моментов 58 активни случаи

Кривична пријава за радовишанец кој шетал позитивен со коронавирус

Убава вест: Оздравени уште 64 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.200

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На судењето за „Траекторија“ презентирани дописи за изборот на „Синохидро“ за изградба на автопатите

Редакција

Досега самопопишани 177.875 лица од дијаспората, најмногу од Швајцарија

Редакција

Нема потреба од нова вонредна состојба, велат Пендаровски, Заев и Филипче

Редакција