еМагазин
Image default
Македонија

Османи апелира да издржиме: Порастот на заболените го одложи олеснувањето на мерките против корона вирусот

Вицепремиерот Бујар Османи, кој е главен координатор на кризните штабови на општините за справување со корона вирусот очекува утре на седница на Влада да се донесе одлука за олеснување на мерките за одредени сегменти кои се помалку ризични.

Комисијата за заразни болести според анализа денеска, рече, смета дека веќе има услови делумно да се олеснат мерките во одредени сегменти и тој предлог на Комисијата утре ќе се разгледа на седница на Влада доколку до утре драматично не се влоши состојбата.

Во гостување на ТВ24, Османи истакна дека поместувањето на одлуките за олеснување на мерките се должи на последователно зголемување на процентот на заразени – во два дена 10 отсто од вкупниот број тестирани, а денеска 15 проценти. Затоа, рече, се прологнирале одлуките за олеснети мерки што се очекуваа уште во петокот.

Чувствува дека луѓето се олабавуваат во придржувањето кон мерките, посебно, како што рече, откако почнале да слушаат дека почнало да се разговара за политика, а и поради убавото време.

„Според сите параметри, не е поминат ризикот и треба да се биде внимателен. Мислам дека не е подобра ситуацијата од пред неколку недели и месеци. Под контрола е, но не треба да потфрлиме сега кога се гледа светлото во тунелот. Да издржиме уште малку“, рече Османи.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три нови кластери на заболени од корона вирусот низ тетовскиот регион

(Видео) Лекарска комора со апел: Се молат граѓаните да не се групираат и да ги почитуваат препораките за спречување на ширење на коронавирусот

Во Прилеп две новозаболени лица од корона вирусот, во моментов 58 активни случаи

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравеа уште 18 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега 1682

Редакција

Употребата на имињата на цар Борис Трети и цар Фердинанд е за да се покаже заедничка историја со Бугарија до 1944, вели историчарот Панов

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 369 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција