Продавниците на сите брендови на Fashion Group низ земјава од денес се и официјално повторно отворени. Со разлабавувањето на мерките за заштита од корона вирусот и отворањето на трговските центри, продавниците на Fashion Group соодветно подготвени и опремени ги очекуваат купувачите.
За да се овозможи безбедна посета и пазарување во продавниците на Fashion Group, групацијата ќе ги потсетува купувачите на најважните мерки за нивна заштита, како и на персоналот во продавниците:
– Задолжително носење на заштитни маски.
– Дезинфекција на рацете.
– При кашлање или кивање покривање на устата со марамче или лактот од раката.
– Одржување на безбедно растојание од 2 метри.
Пробувањето на облеката ќе биде забрането, па сите купувачи се охрабруваат да ги пробаат купените производи во удобноста на својот дом, а доколку е потребно ќе им биде извршена замена на парчињата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Купената облека и обувките наместо во бутик ќе ги пробуваме дома
Сите детали: Моловите се отворија, каков ќе биде протоколот за работа
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА