На ниво на целата држава во текот на изминатото деноноќие 77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 58 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Како што денеска соопшти МВР, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 37 прекршоци.
За последните 24 часа на територијата на Македонија на 11 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници, велат од МВР, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.