еМагазин
Image default
Локално

Само во Македонија: Скопјанец од затвор измамил угостител лажејќи дека му се родил син

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”, информира МВР.

На 20.02.2020 во Делчево, пријавениот, кој бил на отслужување затвор во КПУ „Идризово”, телефонски се јавил во угостителски објект во Делчево и побарал да организира претстава затоа што му се родил син.

По кратко време, повторно се јавил на сопственикот на угостителскиот објект и го известил дека бил во болница и го замолил да даде пари за огномет и торта, а подоцна тој ќе плател.

По кратко време кај сопственикот дошол таксист, кој ги земал парите за торта и огномет. Подоцна, кога почнале со подготовка на менито, сопственикот го барал пријавениот, но не го добил и заклучил дека бил измамен.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичанец тврди дека менувачница му задржала 65.000 франци

Редакција

Момчето кое усмрти пешак во Скопје немало возачка, го возел автомобилот на татко му

Редакција

„Веро“ викендов врши достава на производи до дома во Скопје и Тетово

Редакција