Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден и официјално стана кандидат на демократите за претседателските избори во ноември.
Бајден изјави дека е „почестен да се натпреварува со една од најталентираните групи на кандидати“ и оти демократите „одат на избори како единствена партија“.
Иако тој победи на изборите внатре во партијата уште во април, кога сенаторот Берни Сандерс се повлече од трката, Бајден дури сега собра доволен број делегати.
Бајден ќе се соочи со актуелниот претседател Доналд Трамп на избори на кои сигурно ќе доминираат теми околу пандемијата на коронавирусот, рецесијата и граѓанските протести во САД
МИА/Фото:Nation
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.