еМагазин
Image default
Македонија

Нови два позитивни случаја на корона вирусот во Пехчево

Два нови позитивни случаја на вирусот Ковид-19 денеска се регистрирани во Пијанечко-малешевскиот регион. Веста ја потврдија од Министерството за здравство, со што бројката на активни случаи во овој регион изнесува тројца пациенти.

Новите два активни случаја се регистрирани во Пехчево, каде од почетокот на пандемијата, бројката на пациенти заразени со коронавирус во оваа општина се искачи на пет лица.

– Од овие пет лица заедно со денешните два случаја, тројца пациенти веќе оздравеа, што е добра вест која веќе им беше соопштена на граѓаните. Се надеваме дека и овие два случаја за кои дополнително ќе ги соопштиме деталите како и на кој начин се заразиле, ќе бидат излекувани како останатите граѓани, истакнаа од Здравствениот дом во Пехчево.

Освен во Пехчево, од активните случаи во Пијанечко-малешевскиот регион, позитивен на Ковид-19 е и еден пациент од Берово. Надлежните од двете општини уверуваат дека мерките за заштита на граѓаните, продолжуваат да се спроведуваат и понатаму.

– Се вршат засилени мерки во угостителските објекти заради почитување на протоколите каде засега се е во најдобар ред и нема казнети угостители. Останатите мерки за дезинфекција како и досега ќе се спроведуваат согласно вообичаената динамика, информираат од двете малешевски општини.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има 2 нови кластери: 17 новозаболени од корона вирусот во кумановско

Потврдени четири нови случаи на корона вирусот во Охрид

Нови 196 заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје 90

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски со косовската колешка разговарал и за унапредување на правата на Македонците во Косово

Редакција

Мицкоски прифаќа лидерска за проблемите на граѓаните, за уставните измени- не

Редакција

Новини за престојните избори: Кандидатите за пратеници ќе можат да собираат потписи и на нотар

Редакција