еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Се најавуваат отпуштања во преработувачката индустрија

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2020 година е намален за 3 процентни поени во однос на април 2020 година и изнесува 13.0, а во однос на мај 2019 година е намален за 8 процентни поени, соопшти Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2020, во однос на април 2020 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

„Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на мај 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2020 година изнесува 65.4 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.3 %, недостигот на квалификувана работна сила со 18.4 %, неизвесното економско опкружување со 14.6 % и недоволната домашна побарувачка со 12.7 %“, соопшти ДЗС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано, реагираат од Агенцијата за супервизија на осигурување

Редакција

Инфлацијата го „јаде“ стандардот: Минималните трошоци зголемени од 41.295 на 48.234 денари

Редакција

Се што ни стои како механизми на располагање ќе ги искористиме за да нема поскапување на струјата, вели Бислимоски

Редакција