еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче најави смена на Зибери, директорот на ЦЈЗ, ако е правно можно уште денеска

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја демантираше изјавата на директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери дека лично дејствувал во Комисијата за заразни болести за отворање на границите, и посочи дека ќе се консултира со правниците доколку во овој период може, директорот денеска да биде сменет.

– Ја прочитав изјавата. Апсолутно е невистина. Прво директорот Зибери не е член на Комисијата. Ова сметам дека е некаква предизборна реторика, и тоа евтина и лоша, и сметам дека ништо нема да добие директорот со оваа изјава, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Додаде дека целиот изминат период Комисијата за заразни болести работи исклучиво врз основа на медицински индикатори, на медицината како наука, на епидемиологијата и ваква изјава, според него, не доликува на доктор.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна Божиќниот пост: Воздржувањето на стомакот од храна и на јазикот од клевета, празнословие, лажење

Редакција

Зекири заврши со сведочењето за насилството во Собранието, утре ќе сведочат Тодоров, Заев и Спасовски

Редакција

„Само несигурните во својата сексуална ориентација имаат проблем со сексуални разлики“: Твитер за Парадата на гордоста во Скопје

Редакција