На 01.07.2020 во 12.30 часот во СВР Куманово од Итната медицинска помош Куманово било пријавено дека во Куманово, на ул.„Мирче Ацев“, бил пронајден починат А.Г.(74), кој, според пријавеното, паднал од скала, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, при што било констатирано дека околу 12.15 часот, А.Г. се качил на дрвена скала, висока околу два метра, потпрена на бетонска бандера за да работи на објект.
Скалата се излизгала, а тој паднал пред влезот од гаражата и починал. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.