еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Рекорден дневен скок на бројот на новозаразени од корона вирус во светот- 212.326

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во последните 24 часа во светот се регистрирани нови 212.326 случаи на коронавирусот, што е рекордно дневно зголемување на бројот на нови случаи.

Најголем дневен скок, според бројот на заразени лица, имаат САД, Бразил и Индија, пренесуваат британските медиуми.

Претходниот рекорд, според бројот на инфицирани на дневна основа – 189.077, беше регистриран на 28 јуни.

Секој ден од Ковид-19 во светот умираат околу 5.000 лица.

Повеќе од 11 милиони лица ширум светот се заразени од вирусот од почетокот на епидемијата, а повеќе од половина милион веќе умреа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија денеска гласа за претседател на државата

Редакција

(Галерија) Многу посетители, снег и сонце: Се отвори туристичката сезона на Попова Шапка

Редакција

(ВИДЕО) Игра со Заев нов хит, собирате вакцини, ако загубите добивате „мало сутра“

Редакција