еМагазин
Image default
Македонија

(Галерија) Симулација на ДИК: Како ќе изгледа гласањето на денот на изборите

Министерот за здравство Венко Филипче присуствуваше на симулацијата на гласачкиот ден организиран од Државната изборна комисија.

„Можам да заклучам дека гласањето ќе биде безбедно и согласно протоколите на Комисијата за заразни болести. Симулацијата потврди дека може да се гласа без ризик за гласачите.

Според протоколот за гласање најпрвин полицијата на влезната врата од гласачкото место бара гласачите да стават заштитна маска.

По влегување во објектот, ред за гласање се чека на дистанца. При влегување во просторијата, гласачот прво ги дезинфицира рацете, ѝ ја подава личната карта на изборната комисија.

Накратко, ја симнува маската за идентификација, гласа и на излегување повторно ги дезинфицира рацете.Во просторијата за гласање не може истовремено да има повеќе гласачи од вкупниот број паравани за гласање,“ информираше тој.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Редакција

Димитров за интерпелацијата: Јас не сум одговорен ако некоја земја одлучи да не го почитува договореното

Редакција

Нови 179 случаи на Ковид-19, 175 оздравени пациенти, нема починати

Редакција