еМагазин
Image default
Балкан

Бугарија со рекорден број заразени од Ковид-19

Вкупно 240 се новите случаи на заразени со коронавирусот во Бугарија за изминатите 24 часа и тоа е рекорден број досега, јавија бугарски медиуми.

Најголем број заразени лица има повторно во Софија – 71. Следат Пловдив и Благоевград, со 21 и 17 заразени.

Уште пет пациенти починале од Ковид-19 за 24 часа. Хоспитализирани се 498 заразени од кои 29 се на интензивни одделенија.

На почетокот од оваа недела, министерот за здравство Кирил Ананиев најави дека доколку бројот на заразени се зголеми на повеќе од 200 на ден, ќе се земат предвид ограничувањата. Премиерот Бојко Борисов вчера најави дека мерките нема да бидат затегнати под никакви околности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно импортирани 137 случаи на Ковид-19, последниот регистриран пред неколку дена

48,3% од заболените со Ковид-19 во Македонија имале контакт со потврден случај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хашим Тачи ќе поднесе оставка ако нема промени на границата на Косово

Редакција

Вархеји утре во Тирана на неформален состанок со лидерите на земјите од Западен Балкан

Редакција

(Видео) 20 сантиметри снег ја парализираа Атина: Затворени патишта, продавници, поморски сообраќај

Редакција