еМагазин
Image default
Бизнис

Кој се е акционер во Попова кула

Во Годишниот извештај за работењето за минатата година, објавен преку Македонската берза, Попова кула АД Демир Капија, традиционално ги објави и акционерите кои поседуваат под 5% од акциите на Друштвото.

Вака изгледа процентуално учество во основната главнина на Друштвото на членовите на Одборот на директори:

1.Златко Данев. Од 2009 година на наоѓа на позицијата неизвршен член на Одборот на директори. Поседува 2433 обични акции или 0,09% од основната главнина.

Акциите ги има стекнато со трговска трансакција.

2.Ивона Колева. Од 12.06.2018 година се наоѓа на позицијата неизвршен член на Одборот на директори. Поседува 6.500 обични акции или 0,24% од основната главнина.

Акциите ги има стекнато со трговска трансакција.

3.Григори Поповски. Од 16.05.2007 година се наоѓа на позицијата претседател на Одборот на директори. Поседува 88.603 обични акции или 3,28% од основната главнина.

Акциите ги има стекнато со трговска трансакција.

4.Јордан Трајков. Од 05.06.2014 година се наоѓа на позицијата извршен директор. Поседува 153 обични акции или 0,005% од основната главнина.

Акциите ги има стекнато со трговска трансакција.

5.Климе Бабунски. Од 08.06.2015 година на наоѓа на позицијата неизвршен член на Одборот на директори. Поседува 15.730 обични акции или 0,58% од основната главнина.

Акциите ги има стекнато со трговска трансакција.

Најголем акционер е Друштво за производство, промет и консалтинг Интеко ДОО, кое поседува 50,58% од акциите со право на глас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Атлас плус“ стана генерален агент за продажба на авиобилетите на „Нордвинд“ за македонскиот пазар

Редакција

Рокот за потврда или корекција на Годишната даночна пријава истекува на крајот на овој месец

Редакција

Во мај индустриското производство зголемено за 2,9%

Редакција