еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед за состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

“Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 22 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Ковид-19 починаа уште 6 пациенти, најмладиот имаше 42 години

Убава вест: 123 оздравени од Ковид-19, во Скопје 77

Вкупно 8.111: Нови 136 случаи на Ковид-19, во Скопје најмногу

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за „Монструм“ на СЈО

Редакција

Анкета на Телма: Никола Димитров и Стево Пендаровски со најголем рејтинг за претседателските избори

Редакција

Изет Зеќири нов ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“

Редакција