Министерството за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти заболени од корона вирусот. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, осум деца позитивни и едно суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 пациенти, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се шест пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 74 лица кои беа заболени од корона вирусот
Пет лица починаа од корона вирусот, меѓу нив и пациент на 35 години
Нови 164 случаи на заразени со корона вирусот, од нив 59 во Скопје
Фото: МЗ