еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Бројката од саботата за 241 ново дијагностицирани е варијација од кластер во штипска конфекција

Во вчерашното гостување во вестите на Канал 5 телевизија, министерот за здравство Венко Филипче објасни дека бројката од саботата, исто како и некои претходни варијации т.е отскокнувања од некоја вообичаена бројка, се должи на мал кластер во една од конфекциите во Штип, се вели во соопштението на Министерство за здравство.

„Една од неколкуте конфекции во кои имаше поголем број заразени е веќе затворена, таму каде што се најдени спорадични случаи вчера во координација со градоначалникот ќе зборуваме со сопствениците, за да видиме дали според епидемиолошките анкети има потреба и тие да се затворат за да се намали ризикот од пренос на вирусот,“ изјави Филипче.

Филипче појасни дека високата бројка не е тренд, туку варијација, заради тоа што јасно е идентификуван бројот на ново дијагностицирани пациенти и јасно е утврдено со епидемиолошките прашалници кои во голем процент се завршени, од каде потекнува изворот и трансмисијата на вирусот.

Во таа смисла, вкупната бројка кога тоа ќе се изземе, е она што е тренд сите овие изминати денови односно целиот изминат период. Еден одреден процент, константен, во однос на вкупниот број на ново дијагнсотицирани отпаѓа на град Скопје, сите други ширум државата.

Во однос на пост изборните собири, но и забавите по клубовите, Филипче потенцираше дека постојат протоколи за апсолутно секој настан, секоја организација, без разлика дали е на отворено или на затворено.

„Сите мора да се свесни дека тоа е новиот начин на функционирање. И во затворена просторија кога се организираат едукации, полагања испити итн, се седи на дистанца се носат маски. На отворено капацитетите се најмногу 50% исполнети, со јасно обележани места каде треба да стојат луѓето. И на отворено кога има концентрација на луѓе мора да се носат маските”, рече Филипче.

Тој посочи дека мора да има поголеми контроли дали се почитуваат мерките и протоколите.

„Од целокупниот систем тоа е нешто што сериозно заостануваше или не се извршуваше и тоа мора да се право поригорозно, мора поинтензивно на терен да се прави увид и контрола, да се проверува дали се почитуваат протоколите.

Ние не можеме да живееме затворени, не може ниту една земја во светот да живее затворена. Единствена дополнителна мерка на тоа што сега е на сила е рестрикција во движењето што може многу лесно да се избегне ако се почитуваат мерките,“ потенцираше тој.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сомнителниот пациент од Италија тестиран на Инфективната клиника во Скопје нема корона вирус

Редакција

Автобусот на „Беса транс“ бил стар 14 години, за две години над 130 пати минувал граници

Редакција

Џафери ќе го врати до судот барањето за Вељаноски

Редакција