еМагазин
Image default
Македонија

Почна судењето на судијата Панчевски

Во Судот во Велес денеска почна судењето на поранешниот претседател Кривичниот суд – Скопје, Владимир Панчевски.

Неговите адвокати побараа од судечкиот совет да му се укине притворот, бидејќи според нив, судијата Панчевски има имунитет.

Судечкиот совет, со кој претседава судијката Валентина Ѓеоргиева даде пауза со цел да се провери дали му е одземен имунитетот на судијата Панчевски.

Панчевски треба да одговара за злоупотреби на АКМИС системот.

На последното рочиште на 10 јули откако Панчевски не се појави на судењето, судијата му одреди притвор и беше распишана потерница по него. После пет дена, на 15 јули, Панчевски сам се пријави во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

МИА/Фото: Фејсбук-профил на Панчевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татјана Димитровска е новата претседателка на Антикорупциска

Редакција

Мицкоски на средбата со Ескобар го потврдил ставот за уставните измени

Редакција

412 прекршоци за неносење маска

Редакција