еМагазин
Image default
Бизнис

Распоред на исплата: Од денеска до петок, банките ќе ги исплаќаат јулските пензии

Македонската банкарска асоцијација (МБА) информира дека банките се подготвени предвремено да ја извршат исплатата на јулските пензии.

Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе денеска (вторник 28 јули) преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија.

„Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери коишто не поседуваат дебитни картички, ќе се спроведе во групи, според следниот распоред во вторник, 28 јули – пензии во висина до 11.000 денари; во среда, 29 јули  – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари; во четврток, 30 јули  – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари; во петок, 31 јули –  пензии во висина над 18.000 денари,“ информираат од МБА.

Од таму потсетуваат дека корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите треба да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца согласно со насоките и препораките.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Паркови и зеленило“ во загуба

Редакција

Во Буџетот за 2023 година нема нови даноци, вели Бесими

Редакција

ММФ за годинава предвидува раст на македонската економија од 2,1, а цените да пораснат за 9,2%

Редакција