еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата по болниците во кои се лекуваат пациенти со Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

„Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, 1 на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 2 деца позитивни, како и 2 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 87 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа 7 пациенти од Ковид-19, меѓу нив и момче на 27 години од Битола

Убава вест: 144 оздравени пациенти од Ковид-19, од Скопје дури 105

Нови 138 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово и Штип

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владимир Панчевски не се произнесе по обвинението, неговиот адвокат бара изземање на велешкиот Суд

Редакција

Филипче: Итно да се санкционираат забавите без мерки за заштита

Редакција

10 лица од Авганистан кои престојуваа во Македонија заминаа за Франција

Редакција