На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти, информираат од Министерството за здравство.
“Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, 1 на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 5 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед: Кисела Вода меѓу трите скопски општини со најмногу активни случаи на Ковид-19
Од Ковид-19 починаа 4 пациенти, од Скопје, Кичево, Штип и Битола
Нови 166 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Штип
Фото: МЗ