Штипјанец за период од месец и половина по втор пат се заразил од корона вирусот. Прв пат вирусот на овој 46-годишник му бил потврден на почетокот од јуни, кога бил тестиран иако немал никакви симптоми, објави ТВ 24.
По две недели добил два негативни теста и влегол во статистиката за оздравени пациенти.
Откако пред неколку денови развил симптоми, хоспитализиран е на инфективно во Штип. Брисевите потврдиле дека повторно е позитивен на Ковид 19.
Според епидемилолозите веројатно во контакт со вирусот дошол преку членови на неговото семејство вработени во текстилството.
Целата сторија ОВДЕ.
Фото: Општина Штип
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.