На 06.08.2020 околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на ул.„Босна и Херцеговина“, А.М.(57) од Скопје со употреба на чекан се обидел да го нападне Д.Д.(52), но бил спречен во намерата, по што со тврд предмет го оштетил паркираното патничко возило „пежо“, сопственост на Д.Д, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.