За влез во Грција на ГП „Евзони“ од денеска до 15 август во периодот ид 22 часот навечер до шест часот наутро, нема да се пропуштаат патници, патнички и товарни моторни возила, а за излез соообраќајот ќе се одвива нормално и ќе се пропуштаат сите патници.
Како што соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи, за промената на работното време грчката гранична служба на ГП „Евзони“ ја информирала нашата гранична служба на ГП „Богородица“.
„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Богородица“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премини „Евзони“, информирани сме дека за влез во Република Грција почнувајќи од денеска 07.08 (петок) во периодот од 22.00 до 06.00 часот (по македонско време) воопшто нема да се пропуштаат патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила, додека за излез од Република Грција, сообраќајот ќе се одвива нормално и ќе се пропуштат сите патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила. Мерката ќе важи во горенаведениот термин до 15.08.2020 (сабота)“, соопшти МВР.
МИА/Фото: МВР