еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На крајот на 2022 година регистрирани 9.699 слободни работни места

Во четвртото тримесечје од 2022 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,94 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од вкупно 9.699 слободни места, најголем дел односно 3.278, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба. Непополнети се и 1.554 работни места од занимањата Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 1.484 од Техничари и други сродни занимања, 942 од Службеници, 831 од Стручњаци и научници, 799 од Елементарни занимања, 579 од Занимања за неиндустриски начин на работа во производството,…

Највисока стапка на слободни работни места од 3,78 проценти има секторот – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најмала со 0,23 проценти во секторот – Други услужни дејности.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,54 проценти.

Пелагонискиот регион со 2,74 проценти има највисока стапка на слободни работни места.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во државава пополнети се 489.486 работни места.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Русија тврди дека го гранитирала трговскиот во Киев, оти Украинците таму криеле оружје

Редакција

Украинскиот парламент го прогласи за геноцид дејствувањето на руската војска

Редакција

Што знаеме за вакцината „АстраЗенека“ и колкав е ризикот?

Редакција