еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Бројот на туристи намален за 71,8 отсто, а на ноќевањата за 71,3 проценти

Во периодот јануари – јуни 2020 година во однос на истиот период лани бројот на туристите е намален за 71,8 отсто. Кај домашните туристи намалувањето е за 64,8, додека кај странските за 74,8 проценти.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, намален е и бројот на ноќевањата, за 71,3 отсто или за 64,1 процент кај домашните и за 75,3 отсто кај странските туристи.

Бројот на туристите во јуни 2020 година изнесувал 5.210, а бројот на ноќевањата 14.179. Во однос на јуни 2019 година бројот на туристи бележи пад од 95,6 отсто, а бројот на ноќевањата од 94,6 прценти.

Бројот на домашните туристи во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година е намален за 88,9 отсто, а бројот на странските туристи за 97,9 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, на домашните туристи е намален за 90,1, а на странски туристи за 96,6 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најниски нето-плати во јануари

Редакција

Објавен Првомајски проглас: Товарот на пандемијата падна на грбот на работниците, богатите продолжија да се богатат

Редакција

Владата утврди кои категории на граѓани ќе добијат најмногу помош за сметките за струја

Редакција