еМагазин
Image default
Бизнис

Еуролинк осигурување: Немаме никаква поврзаност со Еуростандард банка

Во врска со тековните случувања поврзани со Еуростандард банка, а со цел правилно информирање на нашите клиенти и соработници, Еуролинк осигурување потврдува дека нема никаква капитална или друга поврзаност со Еуростандард банка, велат од таму.

“Еуролинк осигурување АД Скопје од 31.03.2020 е во 100% сопственост на Grazer Wechselseitige Versicherung AG (GRAWE Group) со седиште во Грац, интернационална компанија со осигурителна традиција долга повеќе од 190 години.

Оттука, сакаме да ги информираме сите наши осигуреници и соработници дека одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка нема и ниту ќе има ефект врз нашето работење.

Еуролинк осигурување изнајмува деловни простории во сопственост на Еуростандард банка, каде е сместена нашата Централа, и истата продолжува да работи без прекин и пречки, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

За сите дополнителни информации за осигурениците на Еуролинк осигурување на располагање стои нашиот Контакт центар достапен 24/7 на 02/15888, а за дополнителни информации за јавноста достапни сме на [email protected]“, велат од Еуролинк осигурување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еуростандард банка трајно исклучена од членство во Македонската берза

Пропаст наместо нов газда: Можеше ли да се спаси Еуростандард банка?

Каде треба да се обратат физичките и правните лица кои користеле услуги на Еуростандард банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фирми поврзани со Мијалков со месеци се на Листата на должници на УЈП

Редакција

„Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан“ се јавиле на тендерот за субвенции за нови летови

Редакција

Продолжува трендот на силен раст на Македонски Телеком и во првoто полугодие на 2024 година

Редакција