еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема на механичка вентилација, информираат од Министерството за здравство.

„Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 7 деца позитивни на вирусот, и еден пациент суспектен на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа тројца пациенти од Ковид-19

Убава вест: 187 оздравени пациенти од Ковид-19, најмногу од Скопје

Нови 103 случаи на Ковид-19, најмногу во Куманово и Гостивар

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Собранието се гласаат законите: Координаторите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ велат дека избори ќе има

Редакција

Марјан Забрчанец позитивен на Ковид-19

Редакција

Утрово починала мајката на Јанева, Рускоска вели дека тоа нема да влијае на барањето за притвор

Редакција