еМагазин
Image default
Локално

Во сообраќајка кај Страцин загина 53-годишен жител на Македонска Каменица

Во сообраќајната незгода што се случи вчера попладне кај кратовското село Страцин, на клучката кај местото Чатал, животот го загуби 53-годишен жител на Македонска Каменица.

– На 24 август 2020, во 15:05 часот било пријавено дека во село Страцин, кратовско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од 23- годишниот С.Ѓ. од село Саса, Македонска Каменица и патничкото моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.П. (47) од тетовското село Мала Речица.

Во незгодата, на местото на настанот починал совозачот во возилото „голф“, 53-годишниот В.Ј. од село Костин Дол, Македонска Каменица, додека со телесни повреди се здобиле С.Ѓ. и сопатниците од истото возило В.Ј.(50), Н.Ј.(20) и едногодишно дете, констатирани во Медицинскиот центар во Куманово, информираат од МВР.

Возачот К.П. бил пренесен во Здравствениот дом Кратово, кадешто му била укажана лекарска помош.

Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гром усмрти овчар во струшко

Редакција

Драма во Скопје: Со пиштол „олеснил“ обложувалница

Редакција

Приведен маж кој ја убил сопругата во домот во Арачиново

Редакција